Sony BDP-S1200 Manuel d'utilisateur Page 5

  • Télécharger
  • Ajouter à mon manuel
  • Imprimer
  • Page
    / 50
  • Table des matières
  • MARQUE LIVRES
  • Noté. / 5. Basé sur avis des utilisateurs
Vue de la page 4
5
За поврзувањето на приклучокот
за HDMI OUT
Набљудувајте го следното затоа што
неправилното ракување може да ги оштети
приклучокот за HDMI OUT и конекторот.
Внимателно порамнете го приклучокот
за HDMI OUT на задната страна на
плеерот со приклучокот/конекторот за
HDMI со проверка на нивните облици.
Осигурете се дека конекторот не
е завртен надолу и не е накривен.
Кога ќе го местите плеерот, осигурете се
дека сте го исклучиле кабелот за HDMI.
Држете го приклучокот за HDMI
исправено кога го поврзувате или
исклучувате кабелот за HDMI. Не
искривувајте го и не ставајте го насила
конекторот за HDMI во приклучокот
за HDMI OUT.
За гледање 3D видео слики
(само BDP-S4200/S5200)
Некои луѓе може да искусат неудобност
(како што е напрегање на очите, замор или
мачнина) додека гледаат 3D видео слики.
Sony препорачува сите гледачи да прават
редовни паузи додека гледаат 3D видео
слики. Должината и фреквенцијата на
потребните паузи ќе варираат од едно лице
до друго. Мора да одлучите што најмногу
ви одговара. Ако искусите каква било
неудобност, треба да престанете да гледате
3D видео слики сè додека неудобноста
не заврши. Ако сметате дека е потребно,
консултирајте се со лекар. Исто така,
треба да го прегледате (i) прирачникот со
упатства и/или пораката за претпазливост
за секој друг уред што се користи со
овој производ или содржината на дискот
Blu-ray што е репродуцирана со овој
производ и (ii) нашиот веб-сајт
(http://www.sony-europe.com/myproduct/)
за најновите информации. Видот на малите
деца (особено оние на возраст под шест
години) сè уште се развива. Консултирајте
се со вашиот лекар (како што е педијатар
или очен лекар) пред да дозволите малите
деца да гледаат 3D видео слики.
Возрасните треба да ги надгледуваат децата
за да обезбедат дека тие ги следат
препораките дадени погоре.
Ако имате какви било прашања или
проблеми во врска со вашиот плеер,
консултирајте се со најблискиот
продавач на Sony.
ВАЖНА ЗАБЕЛЕШКА
Внимание: Овој плеер може
бесконечно да задржи видео слика
на пауза или слика на екранот на
вашиот телевизор. Ако видео сликата
на пауза или сликата на екранот ја
оставите прикажана на телевизорот
подолг период на време ризикувате
трајно оштетување на телевизискиот
екран. Телевизорите со панел со
плазма екран и проектните телевизии
се подложни на ова.
Vue de la page 4
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 ... 49 50

Commentaires sur ces manuels

Pas de commentaire