11
Репродукција
Репродукција преку мрежа
Sony Entertainment Network служи како
капија која ја испорачува избраната содржина
од интернет и различна забава на барање
директно до плеерот.
1 Поврзете го плеерот со мрежа (страница 8).
2 Притиснете го копчето SEN на далечинскиот
управувач.
3 Изберете содржина од интернет и разна
забава на барање користејќи </M/m/,,
и притиснете ENTER.
z
• Некоја содржина од интернет бара регистрација
преку компјутер пред да може да се репродуцира.
• Одредена содржина од интернет не е достапна во
некои региони/земји.
Производ што е компатибилен со DLNA може
да репродуцира датотеки со видео/музика/
фотографии што се зачувани на друг уред што
е компатибилен со DLNA преку мрежа.
Подгответе се за користење DLNA.
• Поврзете го плеерот со мрежа (страница 8).
• Подгответе ги другите потребни производи
што се компатибилни со DLNA. Погледнете
во прирачникот со упатства што
е испорачан со производот.
За репродукција на датотека од DLNA-сервер
преку оваа единица (DLNA-плеер)
Изберете ја иконата на DLNA-серверот од
категоријата [Video] (Видео), [Music]
(Музика) или [Photo] (Фотографија),
а потоа изберете ја датотеката што сакате да ја
репродуцирате.
За репродукција на датотека од DLNA-сервер
преку друг производ (Изведувач)
Кога репродуцирате датотеки од DLNA-
сервер на оваа единица, можете да користите
производ што е компатибилен со DLNA-
контролер (телефон итн.), за да ја
контролирате репродукцијата.
Контролирајте ја оваа единица користејќи
DLNA-контролер. Погледнете во
прирачникот со упатства што се испорачани
со DLNA-контролерот.
„TV SideView“ е бесплатна мобилна апликација
за далечински уреди (како паметни телефони
итн.). Со користење на „TV SideView“ со овој
плеер можете лесно да уживате во работата на
плеерот со управување преку далечинскиот
уред. Можете да вклучите услуга или
апликација директно од далечинскиот уред и да
ги гледате информациите на дискот за време на
неговата репродукција. „TV SideView“ може да
се користи и како далечински управувач и
софтверска тастатура.
Пред да го користите уредот „TV SideView“ со
овој плеер за првпат, прво регистрирајте го
уредот „TV SideView“. Следете ги упатствата
на екранот за регистрација на уредот
„TV SideView“.
b
Регистрацијата може да се изведе само од почетното
мени.
Уживање на Sony Entertainment
Network
Репродуцирање на датотеки на
домашна мрежа (DLNA)
(само BDP-S3200/S4200/S5200)
Користење на „TV SideView“
(само BDP-S3200/S4200/S5200)
Commentaires sur ces manuels